Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за развој на нови бизниси при Машинскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје (БСЦ), како дел од Националниот тим за Глобалниот монитор на претприемништвото (ГЕМ), има чест да ве покани на промоцијата на Извештајот од истражувањето „Претприемништвото во Македонија“.
Промоцијата ќе се одржи на 29.12.2009 (вторник) во хотел Холидеј Ин, со почеток од 12 часот.
Глобалното истражување на претприемништвото (Global Entrepreneurship Monitor, во понатамошниот текст – ГЕМ) е најголемо истражување за претприемништво во светот и претставува годишна оценка на претприемништвото на национално ниво.
Република Македонија за прв пат е дел од ова истражување кое се спроведува секоја година, започнувајќи од 1999 г. Во изминатата година, во него земаа учество 43 земји од светот. ГЕМ има за цел да ги измери и спореди разликите во степенот на развој на почетните претприемачки активности помеѓу земјите учеснички во истражувањето, да ги детерминира факторите кои го одредуваат степенот на претприемачките активности и да ги идентификува политиките кои може да го зголемат нивото на претприемачките активности.
Методологијата на ГЕМ вклучува анкетирање на јавното мислење на национален примерок од 2,000 испитаници во Р. Македонија како и анкетирање на 40 стручни лица за околината за претприемништво во земјата.