ГЕМ беше дефиниран во 1997 година од страна на Мајкл Хеј и Бил Бајгреив, додека студијата за изведливост беше финансирана од страна на Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ. Првото светско истражување ГЕМ беше реализирано со учество на 10 држави во 1999 година, кога Пол Рејнолдс ја имаше улогата на Главен истражувач. Од тогаш, ГЕМ прерасна во конзорциум составен од 64 национални тимови. Во 2004 година, Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ го пренесоа интелектуалниот капитал на ГЕМ на Светската асоцијација за истражување на претприемништвото (ГЕРА) која претставува непрофитна организација управувана од претставниците на националните тимови, основачите и спонзорите.
ГЕМ е глобално истражување кое се спроведува секоја година, започнувајќи од 1999. Во 2008 година, во него учествуваа 43 земји во светот, вклучително и Република Македонија.
ГЕМ има за цел:
- да ги измери и спореди разликите во степенот на развој на почетните претприемачки активности помеѓу земјите учеснички во истражувањето;
- да ги одреди факторите кои го детерминираат степенот на претприемачки активности; и
- да ги идентификува политиките кои може да го зголемат нивото на претприемачки активности.