Национален тим за ГЕМ Македонија
Македонска развојна фондација за претпријатија
Тетјана Лазаревска, Извршен директор на МРФП
Лазар Неданоски
Глигор Михаиловски
Центар за развој на нови бизниси при Машински факултет, УКИМ
Проф. д-р Радмил Поленаковиќ, Застапник на БСЦ
Александар Ќурчиев
Бојан Јовановски
Трајче Велковски
Бојан Јованоски
Главни карактеристики на претприемничките активности
Бидејќи Македонија за прв пат учествува во Глобалниот монитор на претприемништвото (ГЕМ), не е во можност да направи споредба на податоците за 2008 година со претходните години. Сепак, процентот на претприемнички активности во рана фаза во Македонија изнесува 14.5%. што е над светскиот просек за 2008 година кој изнесува 10.2%. Бројот на нови претприемачи изнесува 7.5% во раната фаза, додека 7.4% се претприемачи кои отвориле ново претпријатие. Мажите се повеќе претприемнички настроени од жените, со 70.3% мажи претприемачи и 29.7% жени претприемачки. Речиси 11% од вкупната популација се сопственици-менаџери на воспоставени бизниси. Неопходноста како главен мотив за претприемачки активности изнесува 48.9% наспроти 51.1% за активности мотивирани од можности; згора на тоа, можностите за започнување бизнис како средство за зголемување на приходите на претприемачите се за три пати поголеми во Македонија во споредба со мотивите за стекнување независност. 18% од сите деловни субјекти очекуваат раст во следните 5 години.
Развој на претприемнички активности
Статистичките податоци достапни за 2007 година покажуваат раст на претприемничките активности во Македонија. Вкупниот број претпријатија во земјата изнесува 90,104 во чии рамки бројот на новоотворените претпријатија во 2007 изнесува 10,262. Според тоа, новоотворените претпријатија сочинуваат 11% од вкупниот број претпријатија. Зголемувањето на бројот на претпријатијата за 10% во 2007 година во споредба со 2006 година, укажува на зголемени претприемнички активности на малите бизниси во земјата.
Посебни карактеристики
И покрај бројните политички, економски и социјачни реформи, одложувањето на целосното членство на Македонија во ЕУ и НАТО, како и светските финансиски проблеми, макроекономската структура во Македонија останува стабилна.
Македонија (според Светска банка, Извештај за правење бизнис 2008) е една од четирите најдобри реформатори, наслов кој го добива поради елиминација на минималните барања за вложувања при започнување бизнис, побрз процес на добивање градежни дозволи, намалување на даночните стапки и поедноставени процедури за плаќање даноци. Македонија во 2009 година „скокна“ меѓу првите 12 рангирани земји во однос на започнување бизнис, откако во претходната година беше на 23 место (според Светска банка, Извештај за правење бизнис 2009).
Тековни прашања
Владата ја спроведува „регулаторната гилотина“ која има за цел да ги поддржи бизнисите, преку воведување рамен данок и дополнителни даночни олеснувања, како што е намалување на персоналниот данок и данокот на добивка на 10%, од јануари 2008 година. Едношалтерскиот систем за отворање претпријатија го намали времето потребно за започнување бизнис на 9 дена; сепак, постојат уште предизвици за Македонија, пр. во однос на процедурите за затворање претпријатија.
Со воведување на олеснувања за извоз и реформите во државниот катастар, Централниот регистар и Царината, направено беше дополнително олеснување на регулативите за бизнис.
Паралелно со зголемување на јавните трошоци за образование, воведен е нов задолжителен предмет во средното образование: „Претприемништво и бизнис“, кое се очекува позитивно да влијае врз способностите за бизнис на идните млади претприемачи.
Владата ја разви и донесе Програмата за развој на претприемништвото, конкуренцијата и иноватарството на малите и средните претпријатија 2007-2010, како стратешки документ кој има за цел да го подобри оштото бизнис опкружување за следниот период.