Методологија и пристап

Ревидиран ГЕМ модел

Пристап

Анкета на возрасна популација во ГЕМ – Анкета на возрасната популација (АПС):

Мерење на однесувањата, активностите и аспирациите

ГЕМ  спроведува општ преглед на претприемништвото додека фокусот е на улогата која ја имаат поединците во претприемачкиот процес. АПС се спроведува на репрезентативен примерок од најмалку 2.000 возрасни испитаници, во секоја земја. Прашалникот се однесува на нивните однесувања и вклученост во претприемништвото. За многу поединци, претприемачкиот процес често пати започнува со лична оценка за однесувањата и перцепциите за претприемништвото. Според тоа, ГЕМ прибира податоци за однесувањата и перцепциите, како што се тоа перцепирани можности за започнување бизниси, перцепирани вештини и знаење за започнување бизниси и поддршката во државата за започнување бизнис, како добар избор за кариера. Исто така, ГЕМ ги прашува возрасните испитаници за нивните намери за започнување бизнис во блиска иднина.

За разлика од повеќето податоци за претприемништвото кои мерат понови и помали претпријатија, ГЕМ ги истражува поединечните активности кои се однесуваат на започнување и менаџирање бизнис. Згора на тоа, ГЕМ го смета претприемништвото за процес додека луѓето вклучени во претприемничка активност ги набљудува во различни фази, започнувајќи од многу рана фаза кога нивниот бизнис е во зачеток до воспоставените бизниси и затворањето на бизниси.

Во рамките на овој контекст, ГЕМ претставува алатка со која се истражуваат, на систематски и темелен начин, голем број важни претприемнички аспирации, како што се тоа иновативноста, конкурентноста и аспирациите за висок развој.

Анкета на домашни експерти во ГЕМ:

Мерење на околината за претприемништво (Entrepreneurial Framework Conditions)

За преглед на околината за претприемништво во различни земји, земјите вклучени во ГЕМ ги анкетираат експертите од повеќе области од важност за претприемништвото. Пример за таква околина за претприемништво се државните политики за претприемништво, финансии и степенот до кој претприемништвото е застапено во образованието и обуката.

Ревидиран ГЕМ модел

Ревидиран ГЕМ модел

Пристап
Анкета на возрасна популација во ГЕМ – Анкета на возрасната популација (АПС): Мерење на однесувањата, активностите и аспирациите