ГЕМ беше дефиниран во 1997 година од страна на Мајкл Хеј и Бил Бајгреив, додека студијата за изведливост беше финансирана од страна на Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ. Првото светско истражување ГЕМ беше реализирано со учество на 10 држави во 1999 година, кога Пол Рејнолдс ја имаше улогата на Главен истражувач. Од тогаш, ГЕМ прерасна во конзорциум составен од 64 национални тимови. Во 2004 година, Школата за бизнис од Лондон и Бабсон Колеџ го пренесоа интелектуалниот капитал на ГЕМ на Светската асоцијација за истражување на претприемништвото (ГЕРА) која претставува непрофитна организација управувана од претставниците на националните тимови, основачите и спонзорите.
ГЕМ е глобално истражување кое се спроведува секоја година, започнувајќи од 1999. Во 2008 година, во него учествуваа 43 земји во светот, вклучително и Република Македонија.
ГЕМ има за цел:
- да ги измери и спореди разликите во степенот на развој на почетните претприемачки активности помеѓу земјите учеснички во истражувањето;
- да ги одреди факторите кои го детерминираат степенот на претприемачки активности; и
- да ги идентификува политиките кои може да го зголемат нивото на претприемачки активности.
Земји учеснички во 2008 година
Во ГЕМ е направена класификација помеѓу земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство (factor-driven countries), земји чиј раст се потпира на зголемување на ефикасноста (efficiency-driven countries) и земји чиј раст се потпира на иновативност (innovation-driven countries). Оваа класификација е направена во согласност со Извештајот за светската конкурентност од 2008 година и го прикажува односот помеѓу претприемништвото и економскиот развој. Како што покажаа претходните истражувања во ГЕМ, односот помеѓу претприемништвото и економскиот развој се разликува во различните фази на економскиот развој. Во 2008 година, 43 земји учествуваа во проектот ГЕМ.
Земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство:
- Ангола, Боливија, Босна и Херцеговина*, Колумбија*, Еквадор*, Египет, Индија, Иран*
Земји чиј раст се потпира на зголемување на ефикасноста:
- Аргентина, Бразил, Чиле, Хрватска**, Доминиканска република, Унгарија**, Јамајка, Летонија, Македонија, Мексико, Перу
Економии чиј раст се потпира на иновативност:
- Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Јапонија, Република Кореа, Холандија, Норвешка, Словенија, Шпанија, Велика Британија, Соединетите Американски Држави
* Транзициски земји: од земји чиј раст се потпира на основните фактори на производство кон земји чиј раст се потпира на зголемувањe на ефикасноста
** Транзициски земји: земји чиј раст се потпира на зголемувањe на ефикасноста кон земји чиј раст се потпира на иновации