Финансиска поддршка

ADC-logo

Финансиската поддршка е овозможена од Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ-БСЦ).

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) е непрофитна фондација, основана во 1998 од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка. Визијата на МРФП е намалена сиромаштија и невработеност и воспоставена социјална кохезија. Мисијата на МРФП е поддршка на развојот на малите претпријатија (www.mrfp.org.mk).

Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ-БСЦ) е основан во 2006 година како резултат на проект финансиран од страна на Австриската развојна агенција. Целта на УКИМ-БСЦ е да служи како креативен инкубатор за иновативно технолошки и сервисно ориентирани решенија со што ќе го стимулира само-вработувањето и претприемачкиот дух кај младата популација (www.bsc.ukim.edu.mk).

ADC-logo